Денес има малку примери на позитивни приказни кои ја враќат вербата во луѓето и хуманоста. Една таква хумана приказна доаѓа од Сараево.
Имено, сараевчанецот Е.Е., кој сака да остане анонимен, вдомил еден сараевски бездомник, подарувајќи му гарсоњера, целосно опремена со мебел и сите неопходни апарати за домаќинство, објави порталот Килкс.ба.
– Секој ден му носи јадење, овошје и цигари. Бездомникот се вика Богдан и со години питачи низ Башчаршија, изјави за порталот една негова читателка, која и ја пренела приказната.
Таа вели дека Богдан со години спиел по клупи и лето и зиме, а минувачите низ Башчаршија „ќе му фрлеле по марка или две“.
– Сега (Богдан) не може да престане да се воодушевува на својот стан, раскажува читателката за Кликс.ба.