ОН: Бројот на загинатите во Украина надмина 4.800 лица

Од:

Од почетокот на конфликтот лани во април, па до почетокот на годинава, во Украина загинаа 4.808 лица, соопшти Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

Како што јави ТАСС, на листата на загинати на ОН се и 298-те патници и членови на екипажот на авионот на „Малезија Ерлајнс“ кој се урна во источна Украина на 17 јули минатата година.

Според податоците на ОН, заклучно со 6 јануари, во судирите во Украина биле ранети 10.468 лица.

Над еден милиони Украинци ги напуштиле своите домови, а околу 1,4 милиони живеат во крајно мизрени услови и неопходна им е хуманитарна помош, наведува Управата на ОН за координација на хуманитарните прашања.

Во такви услови, Послка започна со евакуација на речиси 200 Полјаци од источниот дел на Украина. Според полското Министерство за надворешни работи, конвојот возила со евакуираните Полјаци бил придружуван од припадници на украинската армија и безбедно пристигнал во Харков, од каде треба да продолжи кон Полска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми