Новинар од Босна: Јас не сум Шарли, јас сум Амир

Од:

Масакрот кој минатата недела се случи во Париз при што загинаа 10 новинари и двајца полицајци, а е дело на исламски екстремисти, кои сакаат да се одмаздат поради карикатура поврзана со нивната религија, предизвика реакции ширум светот.

Амир Мисирлиќ на својот блог напиша дека се обраќа до јавноста како новинар, но и како муслиман. Ова е неговиот говор:

-Не јас не сум Шарли, јас сум Амир. И сум муслиман и новинар. Тие мои идентитети не ми дозволуваат да молчам. Некој можеби едвај би го дочекал ова мое признание, за да се поигра дека едниот мој идентитет пука на другиот и да утврди дека сам на себе сум непријател. Но тоа така може да дејствува само во првиот момент. Некој така со радост би го карактеризирал злостортвото во Париз. Со едноставна формула дека „Муслимани убиле новинари“. На страна тоа што таквата формула во старт е неточна, поради фактот што тоа не го оправдува големо мнозинство на муслимани ширум светот-пишува тој.

Доколку почнеме да копаме под површината тие злосторници може да ги обвиниме за многу полоша бласфемија од она која наводно ја направиле жртвите и го предизвикале нивниот поход врз цивилизација. Како некој кој избрал пет пати дневно со чело да го допре подот во знак на почит кон Створителот, како некој кој пет пати на ден сведочи дека нема друг Господ освен Алах и дека Мухамед е неговиот пратеник, јас не можам да прифатам некој во мое име да застане во одбрана на мојот Бог кој е семоќен. И како таков не му е потребно некој со помош на калашников и бомби да го брани. Како верник тоа многу ме загрижува, бидејќи со пушка во одбрана на Семоќниот може да застане само некој кој се сомнева дека Богот што го брани е „семоќен“.

10934694_10205765747728840_714596718_n

Мое право е да сметам дали некоја карикатура е смешна или не. Може како човек тоа да ме навреди, но како цивилизирано суштество не смеам да одземам живот на друг човек, доколку тој не искажал јасна и недвосмислена намера на мене или некој мој близок да му го одземе животот. А како верник не можам да си земам за право да го уништувам она што тој, во кого верувам го создал.

Верувајќи, сметам дека тој ќе најде начин да го казни оној за кого тој ќе процени дека погрешил и дека ќе им прости на оние, на кои тој сака да им прости. Можеби дури и во својата бескрајна мислост ќе им прости и на убијците од Париз. Јас тоа никогаш не би можел. Затоа можеби тој е Господ, а јас сум овој што сум. Но и таков каков што сум, знам што е зло. Го нема тоа „но“ кое може да оправда вакво злосторство. Секој кој во своите коментари го напишал тоа „но“ и се обидел да пронајде оправдување или разбирање за злосторниците, не е ништо друго освен соучесник во злосторството.

Што значи реченицата „Страшно е тоа што се случи, но не требало да чепакаат во Светителот“? Ало, има ли нешто во тие тврди глави? Па тие десет новинари и двајца полицајци не ги изгоре молња небеска, туку самонаречени и самопрокламирани заптитници на светителите. А јас себе си се квалификувам за прашањето кој светителите ќе ги заштитит од нивните заштитници?

10899814_10205765747848843_767727884_n

Поради таквата денешна логика, утре идиотите кои мислат дека треба да го бранат Господ под друго име ќе констатираат дека можеби не е во ред што џамиите горат во Франција, но сами се виновни бидејќи убија новинари. А задутре некој повторно ќе убива деца во некоја градинка со образложение дека гореле џамии. Затоа јас морам да излезам од тој круг. Затоа не е доволно да речам дека не сум Шарли. Затоа јас велам дека сум Амир, муслиман и новинар. А доколку убивате во име на Господ, јас сум ви непријател и јас сум ваша мета. Дури и ако убивате во име на Господ пред кој се поклонувте. Особено ако убивате во негово име – напиша Амир.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ