Весникот „Шарли Ебдо“ не се занимаваше само со критики за радикалниот ислам, туку со сите религии. Доказ за тоа е и насловната страна на која во 1990-те години беше исмеан поранешниот претседател СРЈ, Слободан Милошевиќ.
На цртежот беше нагласено дека тој е човек кој дава празни ветувања, на што тој одговара: „Ќе ви презентирам ништо на Канал плус“.
Карикатуристите на францускиот сатиричен неделник повеќе пати имаат пишувано за Србија, пишува српски „Телеграф“.
Најчесто известуваа во текот на НАТО бомбардирањето, на кои што Србија беше прикажана во негативен контекст. На една насловна страна, српски војници „Пролет во Приштина“ оставаат зад себе лешеви од силувани жени и се жалат дека жени недостасуваат во градот.
Е. Г.