Комплетирани осминафиналните дуели од шпанскиот куп

Од:

Екипата на Барселона ја оствари највисоката победа и е на чекор до пласман во следната рунда на шпанскиот куп откако синоќа на „Камп Ноу“ го победи Елче со 5:0 на еден од двата дуела со што беа комплетирани првите натпревари од осминафиналето на ова натпреварување.

Нејмар беше страелец на два гола, а по еднаш мрежата на противиникот ја затресоа: Луис Суарез, Лионел Меси (пенал) и Жорди Алба.

На вториот натпревар одигран синоќа Севиља победи на гости кај Гранада со 2:1.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Алмерија – Хетафе 1:1, Валенсија – Еспањол 2:1, Атлетико Мадрид – Реал Мадрид 2:0, Виљареал – Реал Сосиедад 1:0, Малага – Леванте 2:0 и Селта – Атлетик Билбао 2:4.
Реванш натпреварите се играат од 13 до 15 јануари.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ