БиХ ја засили заштитата на дипломатските претставништва

Од:

По терористичкиот напад во Париз засилени се полициските активности за заштита на вработените и објектите на амбасадите и резиденциите на Франција во Сараево, како и безбедносните мерки во некои други дипломатски претставништва во БиХ, потврди денеска директорот на Дирекцијата за координација на полициските тела во БиХ, Мирсад Вилиќ.

Како што Вилиќ наведе за весникот „Дневни аваз“, сите полициски агенции во БиХ се во постојан контакт и соработка на засилено и константно следење на ситуацијата на терен.

– Во контакт сме со сите полициски агенции во БиХ, вклучувајќи ја и Разузнавачко-безбедносната агенција. Ги засиливме сите оперативни активности на теренот. Во контакт сме и со француската полиција преку полицискиот офицер за врска во француската Амбасада, прецизира Вилиќ, но не можеше детално да зборува за мерките што ги спроведуваат полициските агенции во БиХ.

Во вчерашниот терористички напад на редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“, познат по карикатурите на исламските лидери, погинаа десет новинари и двајца полицајци, 11 лица се повредени и тоа е најсмртоносниот терористички напад во Франција во последните 40 години.

Во Франција денеска е прогласен Ден на жалост.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски