Еден татко, откако открил дека неговиот 13-годишен син гледа порнографија, му напишал јавно писмо во кое го советува кои порно страници да ги посетува за да го избегне заразување на комјутерот со вируси.
Загрижен за количината на вируси во компјутерот, таткото сосема случајно открил дека вирусот дошол од една порно страница, која неговиот 13-годишен син редовно ја посетувал. Неговото решение било да напише јавно писмо.
– На Земјата сум три пати подолго од тебе и не постои нешто, што си сторил и што планираш да сториш, што јас претходно не сум направил. Немаш од што да се срамиш, напишал таткото во воведот на писмото.
Му ветил на синот дека нема да и каже на мајка му, но и дека му остава избор за таквите работи да поразговара со него доколку сака. Тој додал дека нема да биде среќен доколку одлучи да ги посетува страниците, кои можат да му го уништат компјутерот, кој го платил 1.800 долари.
Писмото предизвикало различни мислења. Едни го поддржуваат таткото и сметаат дека добро постапил, други сметаат дека претерал. Грижливиот татко ги информирал читателите дека со синот разговарал во четири очи и оти разговорот минал добро.
– Му кажав дека тоа што го гледа во порнофилмовите не е баш како во реалниот живот и оти жените не се предмети, заклучи таткото.