„Солидарност“ ќе го оспори Законот за хонорари на Уставен суд

Од:

Левичарското здружение „Солидарност“ најави дека пред Уставниот суд ќе се обидат да ги оспорат дел од законите според кои се воведени измените за плаќање на придонеси и за хонорарите.

Освен претставката до Уставниот суд, од здружението најавуваат дека ќе продолжат и со организирањето на протести против овие законски измени кои стапија на сила на почетокот на оваа година.

Досега повеќе организации, друштвата на писателите и на ликовните уметници, Здружението на новинарите, дел од синдикатите, невладините организации, преведувачи, глумци, музичари и други хонорарни работници соопштија дека се против овие измени.

Мета

Би можело да ве интересира

Судиите поротници нема да работат се додека не добијат хонорар за декември

A1on

Хонорарци во Кисела Вода земале 44.000 евра за авторски труд, трудовите ги нема, покажа ревизијата

A1on