ФОТО: Најинтересни мостови на светот

Од:

Мостовите освен што ги составуваат луѓето и го прават животот полесен, тие се инспирација за голем број уметници, писатели и сликари. Инките ги измислиле првите мостови и тие биле направени од јажиња, а оваа јужноамериканска цивилизација не можела ниту да претпостави дека со тоа поставила значаен темел за човештвото. Некои од нив се големи и фасцинантни, додека другите едноставни и поскромни. Ова се мистериозните мостови ширум светот:

Ронда, Малага, Шпанија

Неверојатен мост изграден во XVIII век на реката Гуадалвен, каде што се наоѓа и средновековен манастир кој денес е Музеј на уметност.

Жорж де Л’аурез, Швајцарија

Големиот швајцарски кањон е разубавен со овој неверојатен мост направен од ретки природни материјали.

Понте Гобо, Италија

Познат како „Мост на ѓаволот“, тој го разубавува северниот дел на Италија и градот Бобио. Оваа древна градба има историско значење и посебна харизма од римскиот период. Со ова место се поврзува и легендата за исчезнувањето на Мона Лиза, најпознатото дело на Леонардо да Винчи.

Мост на ѓаволите на Родопските планини, Бугарија

Овој мост на реката Арда освен што ги поврзува пределите северно од Егејското море, тој го разубавува овој дел на соседната држава. Изграден е во 1515 година за време на Отоманското царство, а во 1984 година прогласен е за споменик на културата на оваа држава.

Карбриџ, Шкотска

Овој мост кој потекнува од XVIII век, го прослави овој град и го направи познат ширум светот. Специфичниот шарм е уште една особина на ова место и неговата најпозната градба.

Газелтугатксе, Шпанија

Бискајскиот залив е познат и по овој неверојатен мост и остров, кој изгледа необично на целото крајбрежје. Она што е интересно е за изградбата на овој мост е тоа што тој е направен според пропорциите на кралот и кралицата.

Мост од корени, Индија

http://www.telegraf.rs/wp-content/uploads/2015/01/05/Root-Bridge-in-India.jpg

Корените на „природните гиганти“ сами создале фантастични мостови доволно силни да издржат тежина на човек и да му овозможат да помине на другата страна. Дури е направен во два дела, поради што е овозможено движење во две насоки, без да се создаде гужва.

Мост на Месечината, Тајван

Оваа фантастична градба направена е со висок лак со цел да се нагласи убавината и значењето на месечината. Инаку голем број мостови во Кина и Јапонија се направени според овој модел, за да ги симболизираат сјајните небесни тела.

Стар мост во БиХ

Овој мост е изграден во XVI век во периодот од турското владеење, а претставува инспирација за голем број писатели и уметници. Се протега преку реката Неретва и на тој начин ги составува двата дела од градот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“