Во Романија затворени 21 училиште поради невреме

Од:

Дваесет и едно училиште во девет окрузи во Романија денеска беа затворени поради лошите временски услови, а 14 од нив утре ќе ја продолжат наставата, соопшти романското Министерство за образование.

Поради студот и снежните врнежи останале затворени пет училишта во округот Клуж, четири во округот Јаш, по три во окрузите Васлуј и Алба, две во Сибиу и по едно во окрузите Браила, Муреш, Јаломица и Сучава.

Образовните инспекторати соопштија дека загубените часови ќе се одржат дополнително во следниот период.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се затресе силно и во Молдавија, снимена реакцијата на претседателката Санду

Предраг Петровиќ

Пет лица загинаа во невреме во Романија

Руски беспилотни летала го нарушија воздушниот простор на НАТО

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Романија, се стресе и во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невреме во Романија: Улици под вода, порој однесе возила