Гани: Крајниот рок за повлекување на американските војници од Авганистан може да биде преразгледан

Од:

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека може да се случи крајниот рок за повлекување на американската војска од земјата да биде „преразгледан“, јави ДПА.

– Ако и двете земји, или во случајот повеќе партнери, прават се што е можно за остварување на целите и напредокот е доста реален, тогаш би требало да има желба да биде преиспитан можниот краен рок, изјави Гани во интервју за телевизијата Си-Би-Ес.

Според Гани крајните рокови не треба да претставуваат догма. Засега нема коментар на изјавата на авганистанскиот претседател од САД.

Американската армија неодамна ја заврши воената мисија во Авганистан, но се уште располага со неколку илјади војници во Авганистан, кои имаат мисија за обука и советување на локалните безбедносни сили до крајот на 2016 година.

Минатата недела авганистанската армија и полиција преземаа целосна одговорност за безбедноста во земјата. Околу 13.000 странски војници, во најголем дел Американци, ќе останат распоредени во Авганистан како инструктори и советници.

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ