Во светот постојат голем број величествени православни храмови. Ова се најголемите од нив.
„Аја Софија“, Турција
Еден од најголемите христијански храмови во светот е „Аја Софија“, чие што име во превод значи „Света Мудрост“.
Храмот е изграден 537 година во Цариград, денешен Истанбул во срцето на христијанската империја и претставувал симбол за одбрана од нападите од исламот од исток.
Во 1453 година храмот е претворен во џамија, а денес тој е музеј, кој веќе не го поседува статусот на актуелна православна градба.
Соборниот храм „Света тројца“, Грузија
Луѓето велат дека и покрај тоа што во оваа држава доста често се менуваат политичките и економски околности, православието е единствена сила која им може да им одолее на сите тие промени.
Соборниот храм „Света тројца“ е главниот храм на православието во Грузија и е трет најголем верски објект во регионот на Кавказ.
Изградбата и одржувањето на овој храм се подржани со донации на обичните луѓе и богати бизнисмени од целиот свет. Инаку овој голем храм има капацитет да прими 15 илјади верници.
„Соборен храм на преподобен Исак“, Русија
Ова е најголемиот руски православен храм и се наоѓа во Санкт Петерсбург. Посветен е на Свети Исак и се одбележува на 16-ти август. Просторот под златната купола на овој храм има капацитет да прими 14 илјади лица.
Кога станува збор за Русија не може а да не го споменеме и храмот на „Христос Спасителот“ кој се наоѓа во Москва и важи за највисок храм.
„Црквата на Свети Михаел“, Украина
Според името „Михаелов Златновршен манастир“ оваа градба претставува православен комплекс на катедрала и манастир во Киев. Изграден е во десетиот век, а оригиналанта катедрала ја урнале советските власти во 1930 година.
Во доцните 1990 години, украинаките власти ја презеле задачата за обнова на катедралата. Овој најголем храм во Украина може да прими и до 12 илјади верници во еден момент и поради тоа се смета за четврти најголем храм на светот.
Храмот на „Свети Сава“, Србија
Петото место му припаѓа на храмот на „Свети Сава“ кој зафаќа површина од 3,5 илјади квадратни мети приземје, со дополнителни илјада и петстотини метри квадратни на првото ниво.
Овој храм во исто време може да прими и до 11 илјади верници, а поради своите димензии се смета за една од најголемите православни цркви на светот, што доведува до погрешно толкување дека истовремено е и најголема православна градба на светот.
Е. Г.