Велика Британија се соочува со скандал во здравството, бидејќи е откриено дека еден од најдобрите невролози педијатри, Колин Фери (51) употребувал наркотици, пред да замина на дежурства во болниците во кои работел.
На интернет се појави видео запис на кој се гледа како овој лекар бара шприц за мерење на јак седатив, познат како „дрога за силување“ и ГХБ, а дека потоа употребува кокаин.
Видео записот го направил еден негов пријател со кого заедно конзумирале наркотици.
-Ми зборуваше дека работи како лекар во болница во Лидс, но никогаш детално не ми раскажуваше за тоа. Неодамна дознав дека работи со деца кои имаат големи оштетувања на мозок. Бев потполно шокиран и морав да откријам што прави во слободно време – вели тој за британските медиуми. По обелоденување на доказите дека Фери е зависник од наркотици, болницата веднаш го суспендирала.
Е. Г.