Изминатите осум години се одбележани со политички застој и стагнација на Босна и Херцеговина во речиси сите области, иако 2014 година донесе некои клучни настани, оцени шефот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, амбасадорот Џонатан Мур.
– По штетите предизвикани од поплавите и лизгањето на земјиштаето, граѓаните на БиХ заборавија на општинските и ентитетските линии на разграничување и помагаа едни на други да се опорават од природната непогода, независно од етничката припадност или местото на живеење, рече Мур.
– Но октомвриските избори покажаа каков избор направиле гласачите, зајакнувајќи некои политички партии и ослабувајќи некои други. Политичките лидери на БиХ треба да го завршат процесот на формирање на власта и да преземат активности за напредување на државата, рече Мур, дополнувајќи дека граѓаните очекуваат конкретни чекори, посебно во економијата и отворање нови работни места.
Мур потенцира дека се надева на ефикасна соработка со ефикасни власти кои ќе ги исполнат ветувањата од предизборната кампања и ќе ги искористат потенцијалите на БиХ.