Додик заговара воведување претседателски систем во Република Српска

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик оцени дека би требало сериозно да се размисли за воведување претседателски систем во РС кога ќе почнат разговорите за реформа на Уставот.

Тој најави можност до крајот на актуелниот четиригодишен претседателски мандат да иницира уставни измени во тој правец.

Додик, во изјава за „ЕуроБлиц“ рече дека за таков предлог му е потребен општ консензус во РС и оти во зависност од политичката ситуација ќе процени дали ќе упати официјален предлог.

– Со оглед на тоа дека ова ми е втор претседателски мандат, според Уставот не можам веќе да се кандидирам за таа позиција. Би било добро, по завршувањето на мојот мандат РС да бира претседател кој истовремено би бил и член на Претседателството на БиХ, образложи Додик.

Тој објасни дека тоа би била најдобра заштита на РС и нејзиното позиционирање на нивото на БиХ и оти на тој начин би се поедноставиле многу работи.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници