БиХ: Три жртви на смрзнување

Од:

Во Босна и Херцеговина е регистриран третиот случај на смрзнување оваа зима, јавува електронското издание на весникот „Дневни аваз“.

Во Долна Јабланица, во една штала вчера било пронајдено телото на 53-годишен маж, а подоцнежниот преглед утврдил дека смртта настапила поради смрзнување.

Во босанскиот град Зеница завчера беше пронајдено тело на 44-годишен маж, за кого медиумите објавија дека е бездомник и оти тимот на Итната помош се обидел да го реанимира, но безуспешно.

Вчера беше откриено и телото на 59-годишен маж, во близината на Тузла, односно на нива, во близина на неговата куќа. И за ова лице утврдено е дека починало од студ.

Температурата во текот на ноќта во тој дел на Босна се спушти и до 18 степени под нулата, јави Хина.

Најниска температура утрово е измерена во Соколац и изнесуваше минус 26 степени.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници