Џихадисти киднапираа 170 мажи

Од:

Екстремисти од „Исламската држава“ киднапираа денеска 170 мажи од две села на северот на Ирак, додека трагале по луѓето кои ги запалиле нивните знамиња, соопштија ирачките власти.

неименуван функционер од разузнавачката служба рече дека 170 мажи од селата Ал Саџара и Гариб, во провинцијата Киркук се насилно одведени откако во таа област биле запалени две знамиња на ИД.

– Припадниците на Исламска држави, кои се довезоа со околу 30 возила, ги одведоа киднапираните луѓе во центарот Хавиџе, град во близина, каде имаат суд и затвор, истакна неименуваниот функционер, пренесува Танјуг.

Жител на Ал саџара рече дека жените ги молеле екстремистите да не ги повредуваат мажите, а тие рекле дека ќе го „истражат случајот“ и ќе ги казнат само одговорните за палењето знамиња.

Би можело да ве интересира

Русија и Иран формираат сојуз, Америка е загрижена

Милиони загрозени, се повеќе настрадани во Флорида

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Русите: Ја презедовме контролата

ВИДЕО: Нападнат Виктор Орбан

„Ако Трамп изгуби, јас сум нае*ал“

Предраг Петровиќ