Врз основа на новогодишниот подарок можете да дознаете што некој маж чувствува кон вас и дали со вас планира сериозна врска или само авантура.
Подарокот што го добивте од партнерот не претставува само знак на внимание туку ги открива и неговите најдлабоки емоции.
Патување
Без оглед дали станува збор за викенд во странство или зимовање во некои од домашните ски центри во врска сте со авантурист кој смета дека секое искуство е побогато и поубаво со вас. Тој очигледно е подготвен да планира иднина со вас.
Музика
Ако ви подари ЦД со внимателно избрани песни, кои вас ви се драги, тогаш тој е вљубен во вас. Но, ако купи каков било албум со изговор дека можеби ќе ви се допадне, суровата вистина е дека не му е грижа за вас.
Накит
Мажите подаруваат накит кога сметаат дека врската е сериозна, а во исто време сакаат и вие така да почнете да ја доживувате. Но, накитот може да значи дека нешто погрешил, па се обидува да се извини.
Долна облека
Тоа е многу интимен подарок, но ако под елката нема ништо друго тогаш треба да се навредите. Тој само едно сака од вас.
Книга
Книгата може да биде многу безличен подарок освен ако не е од писател кој навистина го сакате.
Нешто плетено
Волнен џемпер, шал, капа или ракавици значи дека тој навистина е вљубен во вас. Сака да ве штити, да не ви е студено.
Нешто за во домот
Ако добивте тенџерре, правосмукалка или миксер тоа значи дека многу долго сте заедно и тој знае што ви треба. Но, може и да претставува сигнал дека меѓу вас страста полека се гаси и вашиот однос станува рутина.