Американската комичарка Челси Хендлер уште еднаш ги изненади нејзините следбединици на Твитер, објавувајќи несекојдневана фотографија.
Имено, Хендлер на оваа социјална мрежа објави фотографија на која е прикажана топлес како стои во снег до колена и гледа во далечина.
Во текстот под фотографијата славната комичарка напишала дека „го бара изгубеното куче“.
Злобниците коменираат дека ова е уште еден доказ на што се се подготвени некои луѓе за „секунда слава“ и за привлекување внимание на себе.
Инаку, ова не е првпат Челзи да ги прикаже јавно своите разголени гради. Пред извесно време таа се фотографираше топлес како јава на коњ, во поза во која го имитира рускиот претседател Владимир Путин.