Романските власти објавија црвен код на опасност заради интензивните снежни врнежи во југоисточниот дел од државата.
Црвен код е објавен во окрузите Вранча, Бузау и во дел од округот Браила каде прогнозите се – силни врнежи од снег, наноси, виулици и видливост намалена речиси до нула.
Портокалов код на опасност утрово беше објавен за девет окрузи во југоисточна Романија.