Босанскиот истражител Омер Кулиќ денеска на прес-конференција ќе го презентира новиот извештај за падот на „Кингерот“ во кој загина претседателот Борис Трајковски и осумчлената делегација.
Кулиќ вчера го предаде извештајот на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на премиерот Никола Груевски и на обвинителот Марко Зврлевски.
Кулиќ неделава им го го предаде извештајот и на босанските власти.
Авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски се случи на 26. февруари 2004 година.