Општа оценка е дека германските војници во меѓународните мировни сили во Босна направија конструктивен придонес во стабилизирање на ситуацијата во земјата. Сепак, симнувањето на германското знаме во кампот на ЕУФОР отвора многу прашања.
Во седиштето на ЕУФОР во Сараево во четвртокот (27,9). е симнато знамето на Сојузна Република Германија, бидејќи последните двајца војници на Бундесверот ја напуштаат БиХ. Генералниот секретар на сараевскиот центар за безбедносни студии Денис Хаџовиќ вели дека германските војници во состав на ЕУФОР дадоа значителен придонес во повоената стабилизација на мирот и безбедноста во БиХ. “Повлекувањето на силите на Бундесверот е резултат на проценките на германските власти дека Босна го достигна посакуваното ниво на безбедност и дека на земјата сега и треба финансиска помош односно да и се помогне економски”, вели Хаџовиќ. Тој сепак смета дека, поради политичката криза “, некој вид на меѓународното воено присуство во Босна и Херцеговина се уште е потребно.”
“Германија е наш пријател, а меѓународното воено присуство во Босна е потребно се до нејзиното пристапување кон НАТО”, рече член на парламентарната комисија за одбрана и безбедност Сефик Џаферовиќ. “Германските војници беа фактор на стабилност и дадоа значителен придонес во мировната мисија на меѓународните сили во Босна. На германските власти е да одлучат дали ќе учествуваат во некоја мировна мисија “, вели Џаферовиќ.
Претседателката на Комисијата за одбрана и безбедност Душанка Мајкиќ верува дека на БиХ не и е потребно присуство на меѓународни мировни сили. Таа вели дека одлуката на германските власти “двојната порака за БиХ”,е “Од една страна БиХ да ги превземе сите свои обврски ако сака да стане држава, а од друга парите во време на финансиска криза порационално да се користат”, вели Душанка Мајкиќ.
Коментирајќи го за Дојче веле повлекувањето на Бундесверот од ЕУФОР, воено-политичкиот аналитичар Невен Казазовиќ нагласува дека меѓународните воени сили во БиХ се потребни бидејќи “во оваа земја, ништо не е решено.” “Бидејќи се работи само за неколку германски војници, одлуката да нивно повлекување е од политичка природа, и најверојатно треба да се гледа низ призмата на вкупната германска политика кон регионот”, вели Казазовиќ.
Војниците на Бундесверот беа дел од меѓународните воени сили под команда на НАТО, по војната во 1995. Броеја околу 60.илјади војници (мисија ИФОР и СФОР). Европската унија во 2004 година. го презеде мандатот од меѓународните мировни сили н НАТО преку операцијата “Алтеа” продолжува со обезбедување и почитување на “Општиот рамковен договор за мир во Босна и Херцеговина.” Во состав на ЕУФОР денес има околу 1.200 војници.