Петмина екстремисти се убиени, а 80 наводни терористи се уапсени во голема операција на египетската војска на Синајскиот Полуостров.
Операцијата траела три дена во градовите Рафах, Шеик Зувејд и Ел Ариш. Во акцијата било конфискувано и големо количество муниција и оружје, бомби подготвени за употреба и појаси со експлозив за самоубиствени напади.
Во последно време се извршуваат чести напади врз полицајци и војници на овој полуостров.