Работниците од „Аида“ ја напуштаат БиХ

Од:

Работниците во фабриката за облека „Аида“ изуринава од Тузла се упатија кон границата на Босна и Херцеговина, со цел, како што најавија, да ја напуштат државата поради негрижата на властите за нивните проблеми.

Откако со месеци неуспешно протестираат на улиците на Тузла барајќи исплата на еднократна помош од 400 марки, утврдување на стажот и покренување на производството, работниците на „Аида“ во знак на протест одлучија да ја напуштат БиХ.

Изутринава околу 7:30 часот тргнале кон границата на БиХ со Хрватска, како што велат, со цел спас да побараат во некоја од земјте од ЕУ.

– Нека се препукуваат меѓусебно, ние повеќе немаме што да чекаме, изјави пред два дена заменик-претседателот на Синдикатот на фабриката „Аида“ Хасан Ужичанин.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници