Љубов е…

Од:

Понекогаш и возрасните не знаат што да одговорат на тоа, но следуваат некои генијални одговори дадени од деца на прашањето што е љубов:

– Кога мојата баба дозна дека е болна од артритис, повеќе не можеше сама да си ги лакира ноктите.  Затоа за неа тоа го прави мојот дедо, дури и сега кога и неговите раце се болни од артритис. Тоа е љубов, вели Ребека (осум години).

– Кога некој те сака, начинот на кој го кажува твоето име е поинакво. Некако знаеш дека твоето име е безбедно во неговите усни, вели четиригодишната Били.

– Љубов е нешто што те тера да се насмееш и кога си многу уморен, вели Тери (четири години).

– Љубов е кога мојата мајка ќе му направи кафе на мојот татко, но го пробува кафето пред да му го даде филџанот за да биде сигурна дали е вкусно, вели Дени (седум години).

– Љубов е кога постојано се бакнувате. Тогаш кога од тоа ќе се уморите се уште сакате да бидете заедно за да си зборувате. Мојата мајка и татко се такви, изгледаат одвратно кога се бакнуваат, вели Емили (осум години).

– Ако сакате да научите да сакате подобро, почнете од лицата кои не ги сакате, Ника (шест години).

– Љубов е кога на момче ќе му речете дека има убава блуза, а тој потоа ја носи секој ден, вели Ноел (седум години).

– Љубов се стара жена и стар човек, кои и се уште се пријатели, иако толку добро се познаваат, објаснува Томи (шест години).

– За време на една приредба стоев на бината и бев преплашена. Погледав во публиката и го видов мојот татко кој се насмевна и ми мавна. Единствено тој тоа го направи. Повеќе не бев уплашена, рече Синди (осум години).

– Љубов е кога мама најдоброто парче пилешко му го дава на тато, вели Илејн (пет години).

– Љубов е кога мама му вели на тато дека е поубав од Џорџ Клуни иако е испотен, вели Крис (седум години).

– Знам дека мојата постара сестра многу ме сака, затоа таа секогаш ми ја дава нејзината облека, а потоа таа мора за себе да си купи нова, вели Лорин (четири години).

– Кога сакаш некого, твоите трепки се мрдаат горе-доле и од тебе излегуваат ѕвездички, вели Карен (седум години).

– Навистина не треба да му кажете на некој дека го сакате, ако тоа навистина не го мислите. Но ако го сакате, зборувајте му го почесто. Луѓето тоа го забораваат, вели Џесика (осум години).

– Љубов е кога кучето ти го лиже лицето, иако цел ден сте го оставиле само, вели Мери Ен (четири години).

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска