Анкета: 80% од Романците не ја знаат вистината за револуцијата од 1989 година

Од:

Дваесет и пет години по насилното уривање на режимот Романците не ја знаат вистината за тоа што се случи во декември 1989 година и повеќето од нив сметаат дека тогашните настани биле иницирани во самата земја, соопшти агенцијата Аџерпрес, цитирајќи го истражувањето на социолошкиот институт ИНСКОП, направено по нарачка на весникот „Адеверул“.

Податоците од анкетата покажуваат дека 78,3 проценти од Романците не веруваат дека ја знаат вистината за тоа што се случило во декември 1989 година, кога се урна комунистичкиот режим, а диктаторот Николае Чаушеску и неговата сопруга Елена беа убиени.

Други 16,8 проценти од анкетираните сметаат дека ја знаат вистината за настаните, а 4,9 отсто не одговориле на прашањето.

Анкетираните од возрасната група над 50 години во поголем процент од остантите веруваат дека ја знаат вистината за настаните, забележа агенцијата.

Точно една третина од анкетираните или 33,5 проценти настаните ги опишале како желба на романскиот народ, кој се побуни против комунистичкиот систем. Според 33,4 проценти тоа повеќе наликувало на државен преврат на луѓето кои сакале да се дистанцираат од Чаушеску, а 20,9 проценти сметаат дека настаните во Романија во декември 1989 година се последица на одлуката на големите сили за укинување на комунистичкиот систем од источна Европа.

Без никаков став за настаните биле 12,3 проценти од анкетираните.

Според 49,5 проценти од анкетираните, настаните од декември ’89-тата
биле иницирани во Романија, додека за 36,2 отсто движечката сила дошла од надвор. И кај ова прашање, релативно мал број испитаници или 14,2 проценти не го знаат или немаат одговор на него.

Во врска со судскиот процес против диктаторската двојка Чаушеску, 68,4 проценти од Романците сметаат дека процесот бил некоректен, 12,7 отсто се на спротивното мислење, 10,5 проценти не можат да одговорат на прашањето, а 8,4 проценти одбиле да одговорат.

Според 70,7 проценти од Романците, пресудата во процесот била неправилна, 10,7 проценти сметаат спротивно, 9,1 отсто не знаат за настанот, а 9,5 проценти не одговориле.

Анкетата ја направи социолошкиот институт ИНСКОП по нарачка на весникот „Адеверул“ во периодот 27 ноември – 2 декември врз репрезентативен примерок од 1.076 лица, со дозволена маргина на грешка од плус/минус три проценти и степен на веродостојност од 95 проценти.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски