Сте запознале дечко кој на прв поглед ви се чини идеален, а потоа неколку месеци се прашувате каде ви бил умот и очите.
Се прашувате зошто почнавте да излегував со него воопшто и зошто останав со него толку време? Еве неколку причини поради кои останувате во врска иако не сте вљубени во момчето:
– Досадно ви е. А, во моментот и немате попаметна работа;
– Па, не најлош на светот. Но не е ни најдобар.
– Премногу сте мрзеливи да најдете некој друг, а не сакате да останете сми.
– Се грижите дека стандардите ви се преногу високи и дека нема да најдете никој кој може да ги исполни. Бидете реални според тие стандарди и не се задоволувајте со работи кои не ви ја исполнуваат душата.
– Тој е толку многу добар. Тој умее да ве насмее, за разлика од претходните момчиња. Но, тоа што има смисла за хумор, не значи дека е ваша сродна душа.
– Тој е убав. Фактот дека најдобро е само да се молчи и да се смее не го менува тоа дека сте само личност со физички потреби.
– Знаете дека не е личност со кој ќе го поминете животот, но е добар за сега.
– Дали навистина сакате да го поминете животот со момчето кој не е во состојба да донесе ниедна одлука без неговата мајка: Не, но прави навистина убави лазањи.
– Во некој вид на депресија сте. Се чувствувате лошо и знаете дека не треба да се забавувате со никого, но потребно ви е рамо за плачење.
– Идеално одвлекување на вниманието. Од проблемите на работа, од прекумерниот стрес, прејадувањето. Ви се чини полесно да го префрлите фокусот на друга личност и да заборавите на проблемите кои навистина ве мачат.
– Раскинување со некој навистина е тешко. Одзема многу енергија. Понекогаш само чекате да се направи нешто навистина ужасно, за да најдете оправдување за прекинот на врската.