Инфосесија за програмата на ЕУ „Креативна Европа“

Од:

Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје во понеделник, 22 декември, од 12 часот во ЕУ Инфоцентарот ќе организираат информативна сесија за програмата „Креативна Европа – Програма на Европската унија наменета за културните и креативните сектори”.

Како што соопшти Министерството за култура, целта на инфосесијата е да ја претстави потпрограмата ,,Култура” на ,,Креативна Европа’’ и да ги презентира можностите кои таа ги нуди за македонските културни оператори како нејзини потенцијални корисници.

Претставници на Здружението на граѓани Јавна соба од Скопје, НУ Завод и музеј – Битола и на издавачката куќа „Магор“ од Скопје на настанот ќе ги промовираат успешните проекти за културна соработка: „Балканска мрежа за дизајн”; „Акупунктура на градот“; „Во етерот’’, „Граѓански иновативни скулптури“, а ќе бидат претставени и проекти за литературни преводи поддржани од програмите „Креативна Европа” и програмата „Култура 2007-2013” на ЕУ.

– Со потпишување на договорот, Република Македонија стана официјален учесник во потпрограмата „Култура“ на „Креативна Европа“, а македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата за 2014-2020 година. Со потпишувањето на овој договор Република Македонија и Министерството за култура како надлежна институција за спроведување на програмата уште еднаш ги потврдија своите заложби да бидат рамноправни партнери на ЕУ во спроведувањето на нејзината културна агенда и во поддршката на проектите кои се дел од нејзините програми, соопшти МИнистерството за култура.

Програмата „Креативна Европа“, која беше усвоена од Советот на Унијата на 5 декември 2013 година, е дизајнирана за да го поддржи развојот на културата и креативните сектори, како главен извор на работни места и севкупен развој во Европа. Програмата е фокусирана на  зачувување и промовирање на културната и јазичната разноликост и зајакнување на конкурентноста на културниот сектор и креативните сектори.

Би можело да ве интересира

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Проектот „Простор за разговор“ за јакнење на родовата еднаквост на културната сцена во шест градови

Концерт на познатиот „Хрватски гитарски квартет“ во Скопје

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“