Кина и додели грант од осум милиони долари на БиХ

Од:

Босанскиот премиер во оставка Вјекослав Беванда изјави дека Кина и доделила грант од осум милиони долари на Босна и Херцеговина за различни проекти.

Беванда тоа го соопшти на прес-конференција по билатералните средби во Белград со премиерите на Србија и на Кина, Александар Вучиќ и Ли Кечијанг. На средбите се разговарало за економската соработка и можностите за реализација на регионални проекти.

Премиерот на БиХ се заблагодари за кинеската помош во справувањето со последиците од поплавите што ја зафатија земјата во пролетта. Тој истакна дека и Кина покажала интерес за различни регионални проекти, меѓу кои и модернизација на железничката линија Белград – Сараево.

Беванда и Кечијанг разговарале и за евентуални кинески инвестиции во земјоделството, дрвната индустрија и енергетскиот сектор.

Во Белград денеска почна Третиот самит на Народна Република Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа под мотот „Нов мотор, нова сила, нова платформа“.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници