Босна и Херцеговина ја отфрли идејата Косово да стане членка на Јадранската повелба, асоцијација на САД и државите од регионот која има за цел промовирање на НАТО интеграциите, пишува денеска приштинскиот дневен весник „Трибуна“.
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, кој беше домаќин на состанокот на Јадранската повелба во Тирана, изјави дека членството на Косово го поддржале сите земји членки, освен Босна и Херцеговина.
Истовремено, претставникот на Србија го напуштил состанокот, кога почнала расправата за можното членство на Косово.
Србија и Косово, и натаму ќе останат набљудувачи, а не партнери во Јадранската повелба, наведува приштинскиот весник.