Награда „Табернакул“ за досега најдобра необјавена книга кај нас

Од:

Милан Кундера и Љубивоје Ршумовиќ се првите лауреати кои ќе ја добијат наградата „Табернакул“, односно скулптура и 5.000 евра.

Добитниците на наградите ги избра комисијата во состав од Ферид Мухиќ, Горан Стефановски и Венко Андоновски, првите членови на академијата „Табернакул“.

Наградата за досега најдобро необјавено дело на македонски јазик подразбира и објавување на делото, па во подготовка за печатење се есеите „Завеса“ и „Средба“ од Кундера и „Буквар на детски права“ од Ршумовиќ.

Доделувањето на наградата се планира за декември годинава, а лауреатите стануваат членови на академијата.

„Оваа награда е најмалку забава, најмалку релаксација и разонода. Таа е обид за поставување на уште една реперна точка на македонската културна мапа. Таа е уште еден обид да се влијае на формирање на вкусот на консументот, а градењето на тој вкус е првиот чекор кон ориентирана и критична единка, напор да не се заглиби во матната тиња на либералниот капитализам и неговата средишна цел – профитот“, велат од издавачката куќа.

Покровител на наградата, освен „Табернакул“ е Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, и Комерцијална банка.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи

„Матица“ го објави мега-хитот „Разоткривање“ од Зорана Шулц – продолжението на „Вкусот на гревот“ на македонски

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“