(ВИДЕО+ФОТО) Кралскиот двор ги крие тајните на Тито, Милошевиќ и српскиот крал

Од:

Во Кралскиот двор во Белград, кој што крие многу тајни, покрај српските владетели од династијата Караѓорѓевиќ, живееле и поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито со својата сопруга Јованка, претседателот на СРЈ Слободан Милошевиќ, а помеѓу останатите гости од светот престојувал и рускиот претседател Владимир Путин.

Денес во Кралскиот дворски комплекс на Дедиње, живее престолонаследникот на Србија, Александар II Караѓорѓевиќ со своето семејство. Српски „Телеграф“ открива што има во Белиот дворец, во кој живее српскиот принц.

10859907_10205465474182189_74424178_n

Наводно во времето кога Тито решил да се всели во комплексот, наредил сите амблеми на Караѓорѓевиќ, кои што биле на ѕидовите да се отстранат или покријат со црвена петокрака.

Најголема мистерија е онаа за гробот на Даворјанка Пауновиќ, најголемата љубов на Јосип Броз Тито, која тој наводно ја погребал во рамките на дворскиот комплекс и често го посетувал нејзиниот гроб.

10872218_10205465474062186_1044953187_n

Кралскиот дворец е изграден од лични средства на кралот Александар I Караѓорѓевиќ, а изградбата траела од 1924 до 1929 година. Самата зграда е изградена во српско-византиски стил, а фасадата е обложена со бел мермер. На првиот кат се наоѓаат библиотека, кралски кабинет, златна соба, голема трпезарија и хол за свечености, сите опремени во ренесансен стил.

10850880_10205465473822180_2000100714_n

Во тајната соба се наоѓа голема фонтана, која кралот, Тито и Слободан Милошевиќ ја ставале во функција кога имале желба со некого тајно да разговараат, бидејќи од жуборот на водата никој не можел да слушне што се случува таму.

10850897_10205465473742178_975713387_n

Белиот дворец кој се наоѓа во истиот комплекс со Кралскиот двор е градена по желба на кралот Александар I како резиденција за неговите синови. Неговата изградба траела од 1934 до 1937 година, по проект на архитектот Александар Ѓорѓевиќ.

10872136_10205465473982184_29845470_n

Во приземјето на оваа зграда се наоѓа голем салон за свечености и низа салони опремени во стилот на Луј XV и Луј XVI со венецијански лустери, како и дворската библиотека во која имало околу 35.000 книги.

10859761_10205465473782179_2053555981_n

10850597_10205465474102187_1385373183_n

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Чиста сметка, куса љубов

Емир Латифовиќ

Ова е последната исповед на Тито

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Југославија во очите на Американците во 1986 година

Емир Латифовиќ

ФОТО: Еве како Тито ги славел Новите години

Емир Латифовиќ

Откриена најголемата тајна на Тито – Гробот на неговата најголема љубов

Емир Латифовиќ

РЕКОМ: Придонес кон трајниот мир на Балканот

Емир Латифовиќ