Русија се буни поради номинацијата на Pussy Riot

Од:

Комитетите на Европскиот парламент ги претставија петте кандидати за Наградата Saharov за оваа година за слободата на мислата а меѓу нив е и панк групата Pussy Riot поради што Русија веднаш го нападна Европскиот парламент обвинувајќи го за мешање во внатрешните работи на руската влада, јавуваат медиумите.

Номинирани се Белорускиот борец за човековите права Ales Bialiatski, пакистанецот Joseph Francis основач на Центарот за правна помош, тројца Руандски претставници на опозицијата, руската група Pussy Riot и двајца ирански активисти за човекови права. Победникот ќе биде избран во октомври и ќе добие 50.000 евра.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се вели дека иницијативата на групата европски пратеници може да се смета само како срамен обид за мешање во работата на судството во Русија и ја става во прашање одлуката на судот што ја донел во согласност со законот, пренесува агенцијата Франс прес.

Nadežda Tolokonjikova (22), Marija Aljohina (24) и Ekaterina Samucevič (30) се осудени на по две години затвор за хулиганство потикнато со верска омраза, поради изведба на панк молитва во храмот на Христос Спасителот во Москва, во која ја повикаа Богородица да го земе кај себе рускиот претседател Владимир Путин.

Пресудата предизвика остри критики кај западните влади и меѓународните и руски организации за човекови права.

Би можело да ве интересира

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија