На загрепскиот аеродром Плесо утрово слета првиот авион од Белград по 23 години. Летовите меѓу Белград и Загреб ги обнови српската национална авиокомпанија „Ер Србија“.
Авионите на „Ер Србија“ од Белград за Загреб ќе сообраќаат секој ден во седум часот и 35 минути и во 18 часот и 20 минути, а од Загреб за Белград во 10 часот и пет минути и во 20 часот и 40 минути.
Првиот лет меѓу Белград и Загреб бил во февруари 1928 година, а го изврши „Аеропут“, а ЈАТ повторно воспостави летови во април 1947 година. Последниот лет беше во август 1991 година.