Палатата на романскиот диктатор Николае Чаушеску е трета најголема зграда во светот по квадратура, после пирамидата Теотихуакан и Кејп Карневал.
Романија која стана членка на ЕУ, сеуште се обидува да се избори со ова наследство кое е споменик на тешките времиња.
Зградата го нагрди лицетот на Букурешт, а државата ја влече кон банкрот и ги трауматизира многу генерации Романци. Ова е од прилика приказната која секој граѓани на Романија ќе им ја раскаже на туристите кои ќе се најдат пред палатата на парламентот.
Во неа се наоѓаат 220.000 метри квадратни тепих, 3.500 тони кристал и милион кубни метри мермер. Тепихот што се наоѓа во главниот салон е тежок 1.5 тони.
Приказната за ова огромно здание почнува во 1977 година кога Николае Чаушеску го искористи земјотресот кој срамни поголем дел од овој реон на Букурешт и го промени текот на реката Дамбовита. Чаушеску тогаш насилно преселил 40.000 луѓе. Во круг од шест квадратни километри се е урнато за да се изградат објекти во согласност со сјајот на луксузната палата.
Во изградбата на палатата на Чаушеску учествувае 700 архитекти и 20.000 работници кои работеле во три смени, плус 5.000 припадници на војската и 1,5 милиони работници во фабриките и „волонтери“.
Диктаторот не успеал да дожевие да ја види својата креација во „полн сјај“, со оглед дека во 1989 година кога тој и неговата сопруга се убиени во револуцијата, само две третини од палатата биле завршени.
Секоја просторија во палатата има совршено ехо, зашто кога Чаушеску нешто сакал, удирал со рацете, а тоа ехо совршено се ширело по целото здание. Тогаш сите знаеле дека диктаторот имал некое барање. Остатокот од зградата е комплетиран во 1994 година, а од 1996 година е дом на романскиот денат и пратеничкиот дом.
Иако оддржувањето на палатата чини огромни 6 милиони евра на годишно ниво, 70 проценти од зградата и натаму се празни. По еден час одење низ палатата и разгледување на екстравагантните простории, не се поминати ниту 10 проценти од оваа дело на мегаломанијата на Чаушеску.