Неограничени можности на македонски железници-во еден вагон можат да сместат неограничен број луѓе. Откако по најавите на власта за нови патнички вагони кои само што не стигнале, оваа или следната година, засега остануваат старите кои нудат амбиент на патување како во некое африканско село.
Освен луѓе, честопати во вагоните со патниците се носат и домашни животни. Освен што нема место за седење, нема ниту за стоење. Често патниците мора да стојат на нозе и на релација Скопје-Битола. Поради тоа што некогаш нема ни затоплување, некои патници носат ќебиња да се покријат во текот на патувањето.
-Се работи за инвестиција која е околу 25 милиони евра која е веќе започната. Објавен е тендерот, а очекуваме тој договор да се склучи некаде кон крајот на оваа година, во декември. Патничките вагони би требало да пристигнат 12 месеци по потпишувањето на договорот односно при крајот на 2014 година. Се работи за набавка на вкупно шест гарнитури на вагони, од кои четири се дизел и две електрични гарнитури вагони, кои вкупно собираат 1.200 патници, рече премиерот Никола Груевски во септември, 2013 година.
Додека се чекаат овие вагони да стигнат за уште некој ден до крајот на годинава, погледнете колку патници излегуваат од еден вагон на македонски железници.