Романија е земја-членка на Европската унија со најголем број смртни случаи во сообраќајни несреќи, пишува денеска весникот „Путерја“, кој се повикува на последното истражување на Европската комисија за јавно здравство.
Четири пати повеќе Романци, отколку Британци умираат годишно во сообраќајни несреќи. Несреќите со смртен исход бележат намалување во Романија, но тоа се случува поспоро во споредба со останатите европски земји.
Во изминатите десет години Во Романија за 24 отсто се намалиле сообраќајните несреќи со смртен исход, што е двојно помал пад во споредба со европскиот просек.
Младите лица се најчести учесници во сообраќајните несреќи со смртен исход, при што најризична е групата меѓу 15 и 24 години.
Мажите се почесто жртви на сообраќајни несреќи, а според истражувањето повеќето сообраќајни несреќи можат да бидат спречени доколку се подобри патната инфраструктура.