Непознато лице од Босна и Херцеговина за претстојните избори го продава својот глас за 100 евра или дрва за огрев, „за било која партија освен за СДА“. Ваквата понуда била објавена преку еден сајт за реклами.
Како што пишува „ Slobodna Dalmacija“, огласот назначен со „итно“ кој го виделе илјадници посетители на „pik.ba“ порталот, ја актуелизира приказната за масовното купување на гласови во Босна и Херцеговина.
Анонимниот оглас многу брзо беше отстранет од страната, но денеска повторно се појави уште еден и тоа со преполовена цена, од 100 на 50 евра.
Во новиот оглас, не може да се направи замена за дрва за огрев, но огласувачот наведува дека продава 3 гласа со кои располага, а како доказ по гласањето ќе покаже фотографија од гласачкиот лист.