„Сандеј Тајмс“ ги налути Грците

Од:

„Сандеј Тајмс“ уште еднаш сака да не учи „модерна“ географија за Балканот, пишуваат грчките медиуми осврнувајќи се на текст во британскиот весник во кој за нашата земја е употребено уставното име.

Имено, во текст за најновите информации за ископувањата во Амфиполис, дописничката на „Сандеј Тајмс“ напиша дека „Амфиполис се наоѓа во близина на границата со Македонија“ што предизвика бројни негативни реакции во Грција.

Според грчките медиуми, написот бил провокативен и претставувал „валкана игра“, а од британскиот весник бараат да објави и дека „британска експедиција пред шеесетина години крадела од Амфиполис“.

„Прото тема“ се прашува дали се работи за „провокација или незнаење“ и во насловот истакнува дека британскиот весник објавува: „Измислици на Сандеј Тајмс: Амфиполис во близина на границата со Македонија“.

„Текстот на познатата новинарка Анти Карасава предизвика бес во Грција. Дописничката од Атина за историскиот британски весник пишува дека големата гробница се наоѓа на 603 километри од Атина и близу границата со Македонија“, пишува весникот „Параполитика“ и додава дека Карасава пораснала во Њујорк работејќи за американските медиуми и оти нејзините родители се Грци.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчките медиуми информираат дека откако ја прегледале архивата на дописничката, заклучиле дека ова не и е прв пат да го користи уставно име на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он