Пилотот капетан Марио Есперидон Арсе е тешко повреден, откако во Чиле експлодираше полициски хеликоптер, во кој имало лекари од итна медицинска служба, кои требало да помогнат на повредени полицајци во Сантјаго.
Инцидентот се случил на место на сообраќајна несреќа, во која пијан возач налетал во патролен автомобил, во кој се наоѓале тројца полицајци.
Хеликоптерот како возило за итни случаи се обидел да слета на местото на несреќата, меѓутоа во моментот додека се спуштал, противпожарното возило премногу му се доближило и случајно ја оштетило елисата, при што дошло до експлозија.
Е. Г.