Али Ахмети, лидерoт на ДУИ, и коалициски партнер на Груевски, во Тетово, најави неочекувани нови политички одлуки, кои можат да бидат вон партиската политичка програма, објави весникот Лајм.
Ова Ахмети го кажал за време на минатонеделните избори во тетовскиот огранок на ДУИ. Ахмети рече дека земјата ја зафатиле „проблеми кои бараат решенија и храброст.
„Нема да кажувам сега кои се тие предизвици, но доволно е сите граѓани да знаат дека земјата се соочува со низа проблеми кои барат решенија и храброст. Решенија, кои можат да бидат неочекувани и надвор од партиската политичка програма“, изјавил Ахмети.