(ВИДЕО) Најстар брачен пар: Во брак се 89 години

Од:

Карам и Картари Чанд, заедно живеат цели 89 години и веројатно се најстариот брачен пар во светот. Се венчале во Индија во декември 1925 година, кога биле сосема млади, а сега живеат во Бредфорд, на север на Велика Британија, имаат осум деца, 27 внуци и многу правнуци.

Минатата сабота тие ги прославиле своите родендени, тој 109-от а таа 102, опкружени со голем број роднини, од кои многумина дошле дури од Индија.

-Тоа беше специјален ден за семејството. Среќа е да се биде заедно- изјави за „Дејли меил“ нивниот син Пол Чанд.

На прашањето која е тајната за долговечност на неговите родители тој кратко одговори дека тоа е живот без стрес.

-Јадам се што ќе посакам, но умерено. Никогаш не престанав да уживам во животот. Секогаш бевме заедно, посветени на семејството- рече Карам и додаде дека дневно пуши по една цигара и конзумира чаша алкохол три пати неделно.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Совети за справување со личниот гнев во љубовната врска

Ана Ололовска

Французите ретко велат „те сакам“ – го покажуваат тоа на дело

Ана Ололовска

„Тиндер“: Сè повеќе луѓе имаат „помали очекувања“ во врската

Ана Ололовска

Љубовни совети од 19. век

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Љубов под карантин: Англичанец, користејќи робот, ја запроси девојката

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ја запроси својата девојка на урнатините во Петриња

Ана Ололовска