Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

Од:

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство.

Во Пробиштип денеска е прогласен ден на жалост. Злетовци се сè уште во шок по трикратното убиство и најчестите коментари што можат да се слушнат меѓу жителите на селото се однесуваат на ажурноста на институциите и на нивната реакција по пријавите за семејно насилство против Д.М.

Полицијата вчера потврди дека против него била поднесена пријава од неговата сопруга за семејно насилство, по што судот закажал расправа. Но, во јуни годинава, сопругата, со која Д.М. водел бракоразводна парница, ја повлекла пријавата.

Според портпаролот на штипскиот суд, Стојан Михов, за 1 декември во Основниот суд во Штип, било закажано ново рочиште во судскиот процес против професионалниот војник за претепувањето на 21- годишното момче од Злетово, за кое се сомневал дека е во врска со неговата сопруга, а што се случи лани во август.

Нему му се судело за кривичното дело тешка телесна повреда и на следното рочиште требало да се разгледува извештајот за степенот на нанесената повреда. Судот за случајот повел постапка во септември минатата година.

– Во штипскиот Основен суд нема никаква пресуда против Д.М. – вели судијата Стојан Михов.

АРМ најави дека ќе формира заедничка комисија на Министерството за одбрана и на АРМ, која ќе предложи мерки и препораки за подобрување и за унапредување на процедурите за да се спречат настаните како вчерашниот во Злетово./Мета

Би можело да ве интересира

Жител на Злетово починал откако голтнал прашкаста материја, при полициска проверка на граница

Наум Локоски

Повреден рудар во Злетово, задржан на Клинички во Скопје

Наум Локоски

Ден на жалост во општината по убиството во Злетово

Емир Латифовиќ

Дождот ги поплави јамските простории на рудникот Злетово

Емир Латифовиќ