Камера на инструмент таблата,се попопуларниот додаток во автомобилите во Русија, забележа застрашувачки момент кога руски возач на камион во судир со друг камион летна со главата напред низ шофершајбната и остана неповреден.
Бидејќи камионот што доаѓаше од спротивната насока одеднаш му го пресече патот, возачот од силината на ударот беше катапултиран од кабината и пролета низ облак од парчиња.
Среде вртоглавиот лет, сепак, некако успеа да се сврти и да слета на нозете.
На снимката се гледа и како се фаќа за главата и со неверување гледа во она што остана од неговиот камион.
Некои од гледачите на снимката, која беше објавена на сајтот YouTube, го прашаа возачот зошто не го врзал појасот, додека други оставаа духовити коментари како што се: “Совршен доскок, бонус поени за тежина” или “Мислам дека ова е составен дел на возачкиот испит“.