Многу девојки остануваат во врска подолго време откако целата работа престанала да има смисла. Имате заедничко минато, врзани сте, навикнати сте еден на друг, а можеби имате притисок од пријателите и од семејството.
Секако, не треба да се брзате и да ја прекинете врската само затоа што имате лош период, но ако некои работи се повторуваат, тогаш секако подобро е да се стави крај отколу да се продолжи нешто што за вас станало празно, иако на другите тоа не им изгледа така.
Пет сигнали дека е крај на врската:
Вашето задоволство не му е важно
Не му е важно важото задоволство во кревет. Единствено му е важно тој да кулминира, а нема намера да се потруди за вашиот оргазам.
Никаде не му се оди
Вие сакате да излезете, а тој не сака. Гледањето омилени серии на кревет, ни тоа не му се допаѓа. Обично шетање? Не е за него.
Неговото семејство секогаш е на прво место
Особено ако од некоја причина, неговото семејство не е премногу воодушевено од вас, тоа секако ќе биде голем проблем. Исто така, ако тој факт го негира или го дозволува нивното однесување, дури и пред вас, никогаш нема да бидете задоволни.
Имате симпатија
Се почнува со погледи и насмевка, а завршува така што секогаш размислувате за него и за тоа како би било да сте со него. А, ако некогаш и телефонски разговарате, време е да размислите за врска во која моментално се наоѓате.
Барате оправдување
Повеќе не ви е толку многу привлечен ниту забавен, но и понатаму се тешите дека тој е добар дечко, сите ваши пријатели го сакаат, вашата мајка го обожува, некогаш ви било убаво.