Путин: Русија двојно ќе ја зголеми помошта за Абхазија

Од:

Русија двојно ќе ја зголеми помошта за Абхазија во споредба со минатата година, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со абхаскиот претседател Раул Хаџимбом.

– Нашите експерти, членови на собранијата заклучија дека е неопходно да се усвојат дополнителни акти, за да се формираат најдобри услови за развој и економски односи и да се обезебди безбедност на Абхазија и да се реши главната задача – подобрување на животот на луѓето, истакна Путин.

Претходно, Кремљ најави дека Русија и Абхазија ќе потпишат 10-годишен договор за сојузништво и стратешко партнерство. Договорот ќе придонесе за зајакнување на меѓународните врски со Абхазија, како и дека евентуален вооружен напад врз една земја ќе се смета за агресија и на другата држава.

Договорот предвидува и модернизација на армијата на Абхазија и дополнително ќе го финасира зголемувањето на платите на вработените во здравството, во образованието, во културата, во спортот и во социјалните служби на Абхазија.

Претседателот на Грузија, Георгиј Маргвелашвили договорот го оцени како апсурден и нелогичен, додавајќи дека заштиата на Абхазија и на Осетија е можна само во границите на единствена Грузија.

Русија повикувајќи се на изјаснувањето на абхаското и јужноосетиското население во август 2008 година, ја призна независноста на отцепените грузиски автономни области, а тоа го направија и Венецуела, Никарагва и Науру.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот