Бугарскиот велемајстор Кирил Георгиев го освои првото место на силниот шаховски турнир со награден фонд од 120 илјади денари организиран традиционално во претпоследниот месец од годината од страна на клубот Алкалоид.
На турнирот учествуваа 145 шахисти и се играше со темпо 15 мин.+5 сек. според правилата за забрзан шах.
Георгиев до пехарот, 25 илјади денари и првото место стигна со освоени 8 поени во деветте одиграни кола.
Неговиот сонародник, велемајсторот Борис Чаталбашев заврши на втората позиција со половина поен помалку и ја освои наградата од 20 илјади денари.
Третото место му припадна на велемајсторот Трајко Недев, водено и најдобриот македонски натпреварувач со 7 поени кому му припаднаа 15 илјади денари.
Освен првите тројца парични награди добија и шахистите пласирани до 12.место.
Награди беа доделени и за најдобрите во следниве категории:
– до 2.199 рејтинг поени Елмаз Дрпљанин,
– жени Маја Величковски-Нејковиќ,
– до 1.999 Јанчо Ѓорѓевски,
– ветерани Илија Стошевски,
– У-18 Дејан Пејчиновски,
– У-16 Никола Николовски,
– У-14 Тони Лазов,
– У-12 Наталија Грабачева,
– У-10 Андреј Велјаноски,
– У-8 Иван Цапески.
Победничкиот пехар и наградата за првото место на турнирот за новинари му припаднаа на Зоран Стерјовски од Македонска информативна агенција.