Тамара има само шест години и уште сега е оставена сама на себе. Таа секојдневно шета низ Сараево. Нема родители бидејќи после мајските поплави кои ја погодија Тузла, останала сама.
Малата Тамара претходно живеела со нејзината баба и со братот кои останале во Тузла борејќи се со сиромаштијата , додека таа со останатите Роми со автобус дошла во Сараево.
Тамара целото време го поминува на улица, а единствено друштво и се кучињата скитници.