Во Сараево денеска беше одржан собир на Здруженијата на жртвите во војната во БиХ, од регионот на Приједор, откако градоначалникот на овој град им забрани на бошњачките и хрватските жртви и нивните семејства, одбележување на 20-годишнината од воените настани во тој град.
Тие се собраа во центарот на главниот град на БиХ, пред споменикот на децата жртви на војната, носејќи бели ленти околу рацете, како подршка на капањата „Стоп за негирањето на геноцидот“. Оваа кампања ја подржуваат активисти за човекови права во повеќе од 50 земји во светот.
За потсетување, на почетокот на војната во БиХ, силите на босанските Срби, од регионот на Приједор насилно протераа, екзекутираа и затворија неколку илјади Бошњаци, но и Хрвати.
Според податоци од здруженијата, од мај до крајот на август 1992-рата, во Приједор биле убиени 102 деца и 256 жени. Вкупно биле убиени 3 173 цивили, 31. 000 биле затворени во логорите и околу 53.000 лица биле жртви на прогон и депортација.
Ужасните слики од логорите Кератерм, Омарска и Трнопоље, благодарејќи на неколку странски новинари, беа обелодените во целиот свет.
Емица Ниами Налбантиќ