Најмалку девет лица загинаа, а повеќе од 12 се повредени откако биле прегазени во стампедо во храм во источниот дел на Индија.
Инцидентот се случил утрово кога илјадници верници се собрале за одбележување на годишнината од раѓањето на локален хиндуистички религиозен лидер.
Толпата била без контрола и до несреќата дошло кога верниците почнале да се туркаат преку главната порта на храмот.
Вчера уште три лица загинаа во хинуистички храм, откако исто така биле прегазени во стампедо.